Достапни линкови

Протести пред седиштето на ЕУ во Скопје


На студентите им се придружија и граѓаните

На студентите им се придружија и граѓаните

Неколку стотини граѓани протестираа поради тоа што Советот на министри на ЕУ не и одреди на Македонија датум за почеток на преговорите. Тие велат - зошто Европа секојпат на маса на Македонија да и го решава прашањето?

Европа не ни треба. Ние сме Македонци и не го менуваме името порачаа неколку стотини демонстранти кои се собраа пред канцеларијата на ЕУ во Скопје .Граѓаните велат дека протестират заради тоа што Советот на министри на ЕУ не и одреди датум за почеток на преговори на земјата.
Зошто Европа секојпат на маса на Македонија да и го решава прашањето?!


Протестот беше иницијатива на Сојузот на студентите на универзитетот Кирил и Методиј, но подршка му дадоа и многумина граѓани.Луѓето велат дека никој не ги организирал, туку едноставно дошле да протестираат против одлуката на Европа.

„Дојдовме самоиницијативно и не сме партиски определени. Ние сме граѓани, Македонци“
„Јас дојдов со мојот бел мерцедес. Поздравете ја Европа и да не си игра со нашите емоции и со пријателството и добрососедството што со векови ги негувамр тука. Секогаш го велиме истото - дека без обединета Македонија нема обединета Европа и без обединета Европа нема обединета Македонија“
Европската Унија падна на нејзиниот испит и тоа кај младите во Македонија делува многу демотивирачки и може да се доведе во знак прашање поддршката која младите ја даваат за влез во Европската унија


„Европа треба да се свести. Македонија постоела и ќе постои. Каде да ја носиме нашава земја, во Тонгузија?! Ма, ајде, ви се молам, која е таа Европа - секојпат на маса на Македонија да и го решава прашањето!“

Лидерот на студентите Иван Живковски кој е и организатор на протестот вели дека целта на овој собир е да го изразат нивното разочарување од недобивањето на датум за преговори.Тој вели дека се лути од контрадикторното однесување на Евопа.

„Европската Унија падна на нејзиниот испит и тоа кај младите во Македонија делува многу демотивирачки и може да се доведе во знак прашање поддршката која младите ја даваат за влез во Европската унија“

Дождот го прекина протестот кој траеше околу еден час.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG