Достапни линкови

Апелација ги укина првостепените пресуди за Бучковски и Тупурковски


Апелацискиот суд во Скопје денеска ги укина првостепените пресуди за поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски и за поранешниот вицепремиер Васил Тупурковски, бидејќи и во двата случаја утврдени се повреди на постапката. Двата предмети се вратени на повторно одлучување во првостепениот суд, изјави за МИА претседателот на Апелацискиот суд во Скопје Јордан Митриновски.
Васил Тупурковски беше осуден на три години затвор и од него се бараше да врати два милиони евра на државата, кои според Обвинителството, незаконски им биле исплатени на неколку банки кога тој беше директор на Агенцијата за обнова и развој.
Пред околу една година Основниот суд Скопје 1 Скопје го осуди Бучковски на три и пол години затвор за набавка на прекумерна количина резервни делови за тенкови.
Тупурковски и Бучковски пресудите ги сметаа за политички мотивирани и без докази.
XS
SM
MD
LG