Достапни линкови

2 мажи осудени за нападот на трговски центар и хотел во Москва


Рускиот суд денеска осуди двајца мажи на 25 и 15 години затвор за бомбардирање на шопинг центар и хотел во Москва во 1999 година. Во судење зад затворени врати Калид Кугујев и Магомаџаир Гаџхијакајев беа прогласени за виновни за нападот во кој едно лице го загуби животот, а 50 беа повредени. Кугујев е по потекло од Чеченија и бил поранешен соработник на чеченскиот лидер Шамил Басајев. Адвокатите на одбраната поднеле жалба до судот за пресудата.


XS
SM
MD
LG