Достапни линкови

Ѓукановиќ бара ЕУ да ги прими земјите од Западен Балкан до 2014



Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска ја повика Европската Унија да потврди дека сите земји од Западен Балкан ќе станат членки на унијата до 2014 година, пред одбележувањето на сто годишнината од започнувањето на Првата Светска Војна. Ѓукановиќ сугерирал и ЕУ да прогласи деценија за Балканот, која ќе се фокусира на стабилизација на регионот, кој постојано е нестабилен од атентатот на австроунгарскиот војвода Франц Фердинанд во Сараево во 1914, поради кој и започнала Првата Светска Војна. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина Црна Гора и Србија бараат членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG