Достапни линкови

Протест пред канцеларијата на ЕУ во Скопје


Во организација на студентски и средношколски организации денеска во Скопје, пред канцеларијата на Европската Унија се одржаа протести поради одлуката на Советот на министри на Европската Унија за неодредување датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата. На протестот, на кој се приклучија и граѓани, беше изразена разочараност од одлуката во Брисел и од грчката блокада, а им беше искажана благодарност на земјите членки на Европската Унија кои ја подржале Македонија.
XS
SM
MD
LG