Достапни линкови

Малики повика на стрпливост по бомбашките напади во Багдад


Ирачкиот премиер Нури Ал Малики го повика народот да биде стрплив и да се потпре на безбедносните сили, еден ден по серијата на бомбашки напади во Багдад, каде животот го загубија најмалку 127 луѓе. Парламентарните законодавци ги повикаа главните луѓе во безбедносните сили утре на специјалната седница да објаснат, како одговорните за бомбардирањето пронашле дупки во ирачката безбедност. Се очекува на седницата да учествува и Ал Малики. Денеска шефот на единицата за експлозив, Јихад Ал Јабири соопшти дека напаѓачите биле подржани од организации од Сирија и Саудиска Арабија.
XS
SM
MD
LG