Достапни линкови

logo-print

Наумовски-Македонија нема да прифати уцени за влез во ЕУ


Сите отворени прашања треба да се решаваат за остварување на заедничкиот европски интерес, а не со ултиматиуми и уцени, кои Македонија нема да ги прифати и нема да се согласи на сопствено обезличување, соопшти денеска вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски по вчерашното одложување на датумот за преговори на Македонија. Според Наумовски апсурно е да се бара од Македонија да го промени својот идентитет со цел да влезе во ЕУ, која претставува заедница на различни идентитети, што е и нејзиното најголемо богаство. Наумовски изјави и дека Македонија ќе продолжи да се залага за европска иднина на државата и на народот да му обезбеди живот според европските стандарди.
XS
SM
MD
LG