Достапни линкови

Светот обединет за заштита на Земјата


Илуминација наречена ЦО2 во Копенхаген
Илуминација наречена ЦО2 во Копенхаген

До пред неколку години конференциите за климатските промени не предизвикуваа големо внимание. Меѓутоа, оваа во Копнехаген, привлече околу 15 илјади делегати и масовна медиумска покриеност. Од каде наеднаш таквиот интерес и дали тоа значи дека светот се обединува околу глобалниот проблем со климатските промени.

Со години наназад многумина научници предупредуваа на последиците од глобалното затоплување, но интересот на јавноста беше мал. Дво-неделната конференција во Копенхаген привлече илјадници делегати, од кои поголемиот дел се научници и претставници на невладини организации. Данската полиција ангажира половина од своите вкупни сили за обезбедување на Копенхаген. Што се случи за да има таков пресврт. Една од причините е растечкото чувство дека државите се обединуваат во намерата да се стави под контрола емисијата на штетни гасови. Шефот за клима на Обединетите Нации Иво Де Бур во Копенхаген изјави:


“Времето на формални изјави заврши, времето на повторување на познатите позиции е минато. Дојде времето за нови договори”.

Оптимизмот го подгреваат Соединетите Државци и Кина, кои се најголеми загадувачи, а на конференцијата во Копнехаген имаат активна улога и најавуваат мерки. Соединетите Држави дури во 2002 година, за прв пат, прифатија дека испуштањето штетни гасови е причината за глобалното затоплување. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун изјави:

“Очекувам голем договор на самитот во Копенхаген, кој ќе биде во сила веднаш и ќе вклучува специфични препораки, финансии и технологии”.

Сите се за акција, но никој не сака еколошки даноци

Но, иако сега за многумина не е спорно дека проблемот е ургентен, светот е сеуште далеку од наоѓање решение. Камен на сопнување се финансиите, бидејки се потребни стотици милијарди долари промош за земјите во развој. Тоа го нагласува и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

“Мислам дека има голема причина за надеж, но поради ужасната рецесија во која е светот, економскиот аспект може да биде најголемата опструкција во Коенхаген”.

Тоа го потврдува и директорот на фондацијата за глобалното затоплување, Бени Писер.

“Очигледно, во време на економска криза луѓето имаат други приоритети. Тие се загрижени за својата работа, за можноста од воведување нови, непопуларни даноци, зелени даноци и слично, а тоа не им се допаѓа”.

Оттука, дебатите во Копнехаген се повеќе се насочуваат и кон финансиите, односно колку ќе чинат евентуалните мерки за намалување на емисијата на јаглерод диоксид и од каде ќе се соберат парите. Светските лидери доаѓаат во Копенхаген во наредната недела, а светот од нив очекува договор. Меѓутоа, каков било договор, потоа ќе мора да оди на одобрување во секоја земја одделно, а тоа нема да биде ни брз, ни лесен процес.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG