Достапни линкови

Груевски вчера не разговарал телефонски со Папандреу


Кабинетот на македонскиот премиер Никола Груевски ги демантира информациите во грчките медиуми дека вчера имало телефонски разговор меѓу двајцата премиери по објавувањето на одлуката на Советот на ЕУ за одложување на одредувањето датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.
Од кабинетот на македонскиот премиер за МИА изјавиле дека Груевски воопшто не разговарал со Папандреу и оти станува збор за шпекулација.
Грчкиот интеренет весник Ин Њуз денеска објави дека Папандреу на негова иницијатива синоќа телефонски разговарал со Груевски. Тоа вчера на прес-конференција во Брисел го најави и заменик шефот на дипломатијата на Грција Димитрис Друцас, образложувајќи дека Папандреу ќе му ги објасни на Груевски причините за новата грчка блокада и „ќе ја потврди подготвеноста на Атина за засилување на билатералната соработка“.
XS
SM
MD
LG