Достапни линкови

Независноста на Косово е дефинитивна, изјави Хисени


Независноста на Косово е чин кој не може да биде поништена, изјави за Радио Слободна Европа, косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени. Тој нагласува дека доколку целта на расправата пред Меѓународниот суд за правдата во Хаг е да се одолговлекува признавањето на Косово, таа е остварена. Но, Хисени додава дека без сомнение Косово ќе стане членка на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG