Достапни линкови

Конференција за економската криза во Западен Балкан


Денеска во Брисел ќе биде одржана конференција посветена на надминување на економската криза во земјите од западен Балкан. Конференцијата, на која ќе се разговара за финансиската и економската состојба во Југоисточна Европа и важноста од регионална соработка за излез од економската криза, ја организираат Шведска, како актуелен претседавач во ЕУ и Европската комисија, во соработка со Советот за регионална соработка. Домаќини на конференцијата ќе бидат министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт и еврокомесарот за проширување Оли Рен. Најавено е учество на шефови на дипломатии и други владини претставници, експерти од земјите - членки на ЕУ, од западен Балкан и други држави, како и на претставници на меѓународни финансиски институции.
XS
SM
MD
LG