Достапни линкови

Парламентарните избори во Ирак на 7 март


Ирачкиот претседателски совет повторно ги презакажа парламентарните избори во таа земја, овојпат за 7 март идната година, откако претходно датумот за нивно одржување беше 6 март. Претставник на изборната комисија изјави дека одложувањето е со цел да има повеќе време за организирање на изборите. Законодавците претходно беа принудени да ги одложат изборите закажани за 16 јануари, бидејќи пратениците со месеци спореа околу новиот изборен закон. По вчерашните бомбашки напади во Багдад, во кои загинаа 127 лица, а 448 беа ранети, советникот за национална безбедност Мовафак ал Рубај ја обвини Ал Каида дека стои зад нападите, додавајќи оти нивната цел е да се дестабилизира државата пред парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG