Достапни линкови

Направивме што можевме или?


Кетрин Аштон, Карл Билд и Оли Рен на прес конференцијата во Брисел

Кетрин Аштон, Карл Билд и Оли Рен на прес конференцијата во Брисел

Груевски: Направивме се што можевме

Политичарите во Македонија не се изненадени од одлуката на Советот на министри на ЕУ , за почеток на преговорите со Македонија, да се разговара за време на идното шпанско претседателство. По дводневна расправа, министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата решија земјата сега да не добие датум, туку за тоа да се решава во првата половина на наредната година. Премиерот Никола Груевски вели дека Македонија направила се што може , а дека однесувањето на Грција не е европско однесување.

„Сега има работи кои не зависат само од нас туку и од Грција. Знаете таа бара работи, кои едноставно никој од никого во светов не ги бара. Јас слушам во земјата сега коментари дека сме пропуштиле една историска шанса. Знете што, пропуштена е историска шанса да се обезличиме како нација, да се избришеме од мапата на народите“.


Од коалициониот партнер во Владата, ДУИ велат дека жалат што Македонија не го решила спорот за името , што беше и директен услов земјата да добие датум за почеток на преговори.

„Не ни преостануива ништо друго освен да жалиме што не успеавме“.

вели Тахир Хани од ДУИ.

Црвенковски: Со ваква посветеност нема ништо да се смени

Опозиционата СДСМ, пак смета дека донесената одлука од страна на Советот на министри на ЕУ е подобрата, односно помалку лошата. Лидерот на СДСМ , Бранко Црвенковски вели дека треба да се искористи дополнителната прилика и во наредните 6 месеци да се најде решение за името. Но тој не е оптимист дека работите можат многу да се сменат.

„Три четири средби со Нимиц за 20 тина месеци, и два ипол часа со Папандреу пред 20 тина дена не значат целосна посветеност во преговарачкиот процес, нити пак можат да дадат одговор кои се почетните, а кои се крајните преговарачки позиции на Грција. Со таков простап и такво темпо залудни ке бидат и овие 6 месеци“.

Политичарите се согласуваат дека треба да се искористи одложувањето за да се решат отворените прашања, за да може Македонија да добие датум за почеток на преговорите.

Преседавач на ЕУ во првите 6 месеци од 2010 е Шпанија.


Министрите на ЕУ инаку решавајки да го одложат проблемот за идната година во заедничката изјава ја истакнаа потребата за решение на проблемот за името и за одржување добрососедски односи. Тие го поздравија и позитивниот развој на односите меѓу Грција и Македонија.
Во заедничката изјава се поздравува реформскиот прогрес на Македонија, особено во борбата протв корупцијата, а се повикува земјата да обезбеди независност на судството.

Грција подржана од Франција и Кипар


Во претходниот нацрт текст за Македонија на Советот на министрите се наведуваше дека на ова прашање министрите ке се вратат во Март 2010 година и дека тогаш ке се воспостави датум за преговори.
Според дипломатски извори на Ројтерс, Атина навела дека нема да ја симне блокадата се до одржувањето на претседателските извори во Март 2010. Франција која сакала одложување на натамошно проширување на ЕУ по Хрватска и Исланд, ја подржала Грција и во знак на солидарност зад која застанал и Кипар, ја пренесува Ројтер изјавата на министерот за надворешни Пјер Лелуш. Шведска, Велика Британија, Полска, Австрија, Словенија, Словачка, Чешка и Италија биле меѓу земјите кои се залагале за почеток на разговорите со Македонија. Одредувањето на некаква временска рамка допринела до жестока кавга меѓу заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас и шефот на шведската дипломатија Карл Билд , јавуваат медиумите.


  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG