Достапни линкови

logo-print

Русија ја оспори косовската независност во Хаг


Русија која ја подржува Србија во оспорувањето на косовската независност денеска попладне пред меѓународниот суд за правда во Хаг побара обновување на преговорите со Србија за статусот на Косово. Соединетите американски држави пак кои се на страната на Косово денеска го повикаа судот да не ја зголемува дилемата за легалноста на неговата независност, затоа што таа донела стабилност во регионот и европска иднина на косовските граѓани. Своите аргументи пред судот за легалноста на косовската независност ќе ги презентираат 26 земји.

XS
SM
MD
LG