Достапни линкови

logo-print

ЕУ - Македонија, проблемот со името останува


Курсот на проширување на Европската унија, независно од отпорот на населението на одредени членки, повторно е свртен во правец на Балканот, оцени виенски „Курир“, додавајќи дека шефовите на дипломатиите на состанокот во Брисел ги поставиле натамошните насоки. Весникот наведува дека на самитот на ЕУ на пролет следната година Македонија би можела да добие термин за преговори за пристапување кон Унијата. Најголем проблем, меѓутоа, останува спорот околу името на државата со Грција, пишува Курир, кој оценува дека најран термин за членство во Унијата за Македонија е 2014 година.
XS
SM
MD
LG