Достапни линкови

Македонија не доби датум


NATO and EU flags - generic photo
NATO and EU flags - generic photo

Советот на Министри на Европската Унија денеска во Брисел ја одложи одлуката за доделување датум за преговори со Македонија поради грчкото противење. Во заедничката изјава на Советот се наведува дека препораката на ЕК одредувањето на датум за почеток на преговори за членство на Македонија, ќе се разгледува за време на идното шпанско претседателство со Унијата

Во заедничката изјава на шефовите на дипломатиите на Европската Унија се наведува дека на препораката на Европската Комисија за почеток на преговорите со Македонија, Унијата ке и се врати за време на идното претседателство. Како што е познато, иден 6 месечен преседавач од 1 Јануари 2010 е Шпанија.
Министрите на ЕУ ја истакнаа потребата за решение на проблемот за името и за одржување добрососедски односи. Тие го поздравија и позитивниот развој на односите меѓу Грција и Македонија.
Во заедничката изјава се поздравува реформскиот прогрес на Македонија, особено во борбата протв корупцијата, а се повикува земјата да обезбеди независност на судството.

Грција подржана од Франција и Кипар

Во претходниот нацрт текст за Македонија на Советот на министрите се наведуваше дека на ова прашање министрите ке се вратат во Март 2010 година и дека тогаш ке се воспостави датум за преговори.
Според дипломатски извори на Ројтерс, Атина навела дека нема да ја симне блокадата се до одржувањето на претседателските извори во Март 2010. Франција која сакала одложување на натамошно проширување на ЕУ по Хрватска и Исланд, ја подржала Грција и во знак на солидарност зад која застанал и Кипар, ја пренесува Ројтер изјавата на министерот за надворешни Пјер Лелуш. Шведска, Велика Британија, Полска, Австрија, Словенија, Словачка, Чешка и Италија биле меѓу земјите кои се залагале за почеток на разговорите со Македонија. Одредувањето на некаква временска рамка допринела до жестока кавга меѓу заменик министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас и шефот на шведската дипломатија Карл Билд , јавуваат медиумите.
Ние сме силна земја која нема да попушти пред притисоци и неправди

Дипломатите како позитивно го оценуваат тоа што се одложува донесувањето на одлука за Македонија. Суштински услов за одредување на датум за почеток на преговори, беше решавањето на спорот за името. Но и покрај неколкуте обиди Македонија и Грција не успеаа да најдат заеднички јазик. Денеска во Брисел се наога и премиерот Никола Груевски кој присуствува на форумот на балканските земји. Се шпекулираше дека тој ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу кој во Брисел учествува на Самитот на социјалистите. Но од македонската влада ни изјавија дека не е предвидена таква средба, туку Груевски ќе има само обраќање на форумот , а потоа патува во Бон каде има средба со лидерите на демохристијаните .За време на одржувањето на состанокот на министрите на земјите челенки на ЕУ и во исчекување на одлука за Македонија, претседателот Ѓорге Иванов изрази зачуденост од однесувањето на денешна Европа.

„Место Европа со отвореност да настапи кон новите идни членки, одделни членки гледаат како тие може да се злоупотребат или присилат за свој тесен интерес. Каков и да биде исходот на разговорите кои сега се водат во Брисел, Македонија ќе опстои. Ние сме силна земја која нема да попушти пред притисоците и евентуалните неправди.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG