Достапни линкови

ЕУ - Македонија не доби датум за преговори


Советот на Министри на Европската Унија денеска во Брисел соопшти дека ја одложува одлуката за доделување датум за преговори со Македонија поради грчкото противење. Се наведува дека на препораката на Европската Комисија за почеток на преговорите со Македонија Унијата ке и се врати за време на идното претседателство с Како што е познато, иден 6 месечен преседавач од 1 Јануари 2010 е Шпанија.
Во претходниот нацрт текст за Македонија на Советот на министрите се наведуваше дека на ова прашање министрите ке се вратат во Март 2010 година и дека тогаш ке се воспостави датум за преговори. Според дипломатслки извори на Ројтерс, Атина навела дека нема да ја симне блокадата се до одржувањето на претседателските извори во Март 2010. Франција која сакала одложување на натамошно проширување на ЕУ по Хрватска и Исланд, ја подржала Грција и во знак на солидарност зад која застанал и Кипар, ја пренесува Ројтер изјавата на министерот за надворешни Пјер Лелуш. Шведска, Велика Британија, Полска, Австрија, Словенија, Словачка, Чешка и Италија биле меѓу земјите кои се залагале за почеток на разговорите со Македонија.
Во заедничката изјава се поздравува реформкиот прогрес на Македонија, особено во борбата протв корупцијата, а се повикува земјата да обезбеди независност на судството. Министрите на ЕУ ја истакнаа потребата за решение на проблемот за името и за одржување добрососедски односи. Тие го поздравија и позитивниот развој на односите меѓу Грција и Македонија.
XS
SM
MD
LG