Достапни линкови

Авганистан: Безбедносен недостиг следните 15 - 20 години


Авганистанскиот Претседател Хамид Карзаи изјави дека Авганистан има недостиг на ресурси за сопствената безбедност во следните 15 до 20 години. Тој ова го изјави на заедничката прес конференција со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска во Кабул. Гејтс ја реафиримира американската подршка во Авганистан. Тој рече дека САД нема да го напуштат Авганистан Гејтс пристигна во Авганистан на разговори за новата американска стратегија по одлуката на претседателот Барак Обама за распоредување на уште 30 илјади војници во оваа земја. Инаку се очекува Карзаи да го објави својот нов кабинет во наредните денови. Карзаи, кој беше реизбран во Август е под голем домашен и странски притисок да формира транспарентна влада способна да стави крај на осумгодишниот талибански бунт.
XS
SM
MD
LG