Достапни линкови

logo-print

Најмалку 77 загинати, 128 ранети денеска во Багдад


Полицијата соопшти дека најмалку 77 лица загинале, а над 128 се повредени во серија бомбашки напади во Багдад. Станува збор за 5 експлозии кои одекнале една по друга. Имало координирани напади на најмалку 3 автомобили бомби во централниот дел на градот и два самоубиствени напади во јужен Багдад. Насилство во Ирак минатиот месец забележа голем пад, но ирачките власти и американската војска предупредија на инциденти пред изборите во Фебруари.
XS
SM
MD
LG