Достапни линкови

Груевски во Брисел на „Нова ера на Балканот“


Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел ќе присуствува на Европско-политичкиот самит насловен „Нова ера на Балканот“, организиран под покровителство на „Пријатели на Европа“, Фондацијата „Конрад Аденауер“, Институтот за демократија „Константинос Караманлис“. Самитот ќе го отвори комесарот на Европската унија за проширување Оли Рен. Премиерот Никола Груевски утре од Брисел ќе замине за Бон, каде се одржува самит на демохристијанските лидери. Груевски во Бон првпат ќе има средба со Антонис Самарас, лидер на грчката десница.
XS
SM
MD
LG