Достапни линкови

Балканот напред кон ЕУ


Претседателот на ЕК Баросо и Премиерот на Шведкска Рајнфелт

Претседателот на ЕК Баросо и Премиерот на Шведкска Рајнфелт

Србија наскоро со кандидатура за членство

Шефовите на дипломатиите на ЕУ решија да ја стават во сила преодната спогодба за трговија со Србија од 1 јануари 2010, бидејки, како што оцениле, Белград ги спроведува клучните европски реформи а и Хашкиот Трибунал е задоволен од соработката со српските власти. Министрите на ЕУ оценија дека Србија може да го забрза својот пат кон Унијата за добивање статус на земја кандидат кога сите потребни услови ќе бидат исполнети. Претседателот на Србија Борис Тадиќ го поздрави одмрзнувањето на Спогодбата за Трговија со оценка дека Србија сега е сигурна дестинација за странските инвеститори со што се отвора простор за поднесување на канидатурата за членство.

"И визната либерализација и одмрзнувањето на Преодниот договор покажуваат дека сме земја со повисок кредибилитет во Европа и светот. Србија е земја – сигурна дестинација за странски капитал и отворање нови работни места“.

изјави српскиот претседател Борис Тадиќ, најавувајки ја насокоро и одлуката за поднесување на кандидатурата за членство во ЕУ.

Црна Гора пофалена

Црна Гора е пофалена од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ за реформите и за примената на спогодбата за трговија на состанокот во Брисел и тие соопштија дека за кандидатурата за членство ке расправаат кога ке го добијат мислењето на Европската Комисија.

Хрватска – пристапен договор

Министрите во врска со Хрватска решија да започнат подготовките за пристапниот договор на оваа земја за нејзино полноправно членство во ЕУ. Министрите го одобрија финансискиот пакет за првите две години членство на Хрватска во ЕУ вреден три ипол милијарди евра.
Шведскиот Премиер - Фредерик Рајнфелт

Косово – зачувана стабилност


Шефовите на дипломатиите на Унијата оценија дека на Косово е зачувана стабилноста но дека клучните предизвици и натаму постојат во владеењето на законот и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Тие ги поздравија мирните локални избори и побараа од Косово да соработува со ЕУЛЕКС. На Европската Комисија и е наложено да превземе мерки за напредок на Косово кон Европската Унија а дадено е големо значење за трговијата и визите.

БИХ – изразена загриженост.


Министрите на ЕУ од друга страна изразија загриженост поради развојот и политиката ситуација во Босни и Херцеговина и ги повикаа политичките лидери во таа земја итно да ги забрзаат европските реформи.Во закључоците се нагласува дека е неопходно БиХ да го придвижи почетниот пакет на уставни промени за да се воспостави функционална држава и уставна рамка во согласност со европската конвенција за човекови права.

„Граѓаните на Босна и Херцеговина доолго и предолго страдаат. Секако ние сме најодговорни за состојбата, бидејки често на изборите довербата им ја даваме на оние кои се актери на војната, а тие тешко дека можат да бидат актери на мирот„.

Изјави Богич Богичевиќ поранешен босански политичар. Босна е повикана да ги оствари целите и условите неопходни за затворање на Канцеларијата на високиот представник. ЕУ регистрира напредок во Босна во однос на дијалогот за укинување на визите и примената на трговската спогодба.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG