Достапни линкови

9 загинати во експлозија во Пакистан


Пакистанската полиција соопшти дека во денешната експлозија одекна во Мултан - централен Пакистан, загинале 9, а биле повредени меколку лица. Според полицијата бомба експлодирала во близина на седиште на разузнавачка служба и биле оштетени неколку згради. Пакистан е погоден од голем број бомбашки напади во последниве месеци како одмазда на исламски милитанти поради владината офанзива против Талибанците во северозападниот дел на земјата. Стотици луѓе се убиени во нападите. Вчера во две експлозии на пазар во источниот град Лахоре загинаа најмалку 48 лица.
XS
SM
MD
LG