Достапни линкови

Гејтс во Авганистан за новата американска стратегија


Американскиот секретар на одбрана Роберт Гејтс пристигна во Авганистан на разговори за новата американска стратегија по одлуката на претседателот Барак Обама за распоредување на уште 30 илјади војници во оваа земја. Тој изјавил дека неговата посета е за да изврши притисок врз авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да постави чесни луѓе за министри. Имено се очекува Карзаи да го објави својот нов кабинет во наредните денови. Карзаи, кој беше реизбран во Август е под голем домашен и странски притисок да формира транспарентна влада способна да стави крај на осумгодишниот талибански бунт.
XS
SM
MD
LG