Достапни линкови

Експлозии во Пакистан


Силна експлозија одекна во Мултан град во централен Пакистан. Според полицијата бомба експлодирала во близина на седиште на разузнавачка служба. Се стравува дека има две жртви. Пакистан е погоден од голем број бомбашки напади во последниве месеци како одмазда на исламски милитанти поради владината офанзива против Талибанците во северозападниот дел на земјата. Стотици луѓе се убиени во нападите. Вчера во две експлозии на пазар во источниот град Лахоре загинаа најмалку 48 лица.
XS
SM
MD
LG