Достапни линкови

Иванов:Европа се мачи да обезбеди обединување на регионот


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов изјавил дека денешна Европа се мачи да го пронајде својот глас и да овозможи обединување на регионот врз основа на европските вредности и принципи. Тој на академијата за одбележување на празникот Свети Климент Охридски изјавил дека не може да се изначуди од тоа што Европа досега на Македонија и праќа само колебливи одговори и решенија кои важат од дене до утре. Тој обвинил дека Европа си дозволува блокади и притисоци на ситни интереси. Иванов стравува дека денешните блокади можат утре да вродат со нови прекршувања и нови блокади.
XS
SM
MD
LG