Достапни линкови

logo-print

Обама:Турција да помогне во разговорите за нукларната програма на Иран


Американскиот претседател Барак Обама изјавил дека Турција може да одигра важна улога во решавање на спорните прашања за нуклеарната програма на Иран. По средба во Белата куќа со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, Обама изјави дека е важно иранскиот нуклеарен проблем да биде решен на начин кој му дозволува на Техеран да продолжи да разработува нуклеарна енергија за цивилни потреби, но обезбедувајќи гаранции дека ќе бидат запазаени меѓународните правила и норми. Ердоган изјави дека Турција е подготвена да направи се што може за да биде постигнато дипломатско решение за тој проблем.
XS
SM
MD
LG