Достапни линкови

Џоана ќе ги оспори резултатите од изборите во Романија


Кандидатот на социјалдемократите во претседателската трка во Романија, Мирчeа Џоана објавил дека ќе ги оспори пред Уставниот суд резултатите од претседателските избори во Романија. На изборите победи досегашниот претседател Трајан Басеску. Џоана изјавил дека има многу индикации дека имало купување на гласови, како и групно гласање. Според конечните неофицијални резултати, Трајан Басеску, поддржан од Демократско-либералната партија, победил на претседателските избори во Романија со 50,33 проценти. Кандидатот на Социјалдемократската партија Мирчеа Џоана освоил 49,66 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG