Достапни линкови

Ски патеката на Пелистер „Копанки“ четири сезони не функционира. Не може да се пронајде инвеститор кој би вложил 30 илјади евра за поправка на сајлата

Скијачката сезона е на прагот, но засега не е најден инвеститор кој ќе вложил 30 илјади евра за да ја поправи старата жичницата на некогаш најпопуларната пелистерска ски патека Копанки. Жичницата е стара 35 години и за цело ова време не бил направен генерален
Да се врати сјајот на Пелистер зашто премногу се форсираат останатите скијачки центри во Македонија. Да се врати славата на стариот Пелистер, кој со години се заборава, воопшто нема инвеститори кои вложуваат во него.
ремонт. Последните четири зими таа поради дефект на сајлата не може да добие дозвола за работа од Машинскиот факултет. Со патеката стопанисува планинарскиот клуб „Пелистер„ кој како здружение на граѓани нема финансиска моќ да го реши проблемот. Поради ваквата состојба најхедикепирани се скијачите од Битола, кои при планина до петици мора да патуваат за скијање до Кожув, Маврово, па и во соседна Грција.

„Да се врати сјајот на Пелистер зашто премногу се форсираат останатите скијачки центри во Македонија. Да се врати славата на стариот Пелистер, кој со години се заборава, воопшто нема инвеститори кои вложуваат во него. Можеби некој има услови да оди на скијање на Кожув, но некој не може да си го допушти тоа.“

„Веќе неколку години не скијам на Пелистер зашто нема услови за тоа, жичниците се премногу стари. Битола е под Пелистер, многу полесно би ми било да одам таму и многу помалку би ме чинело.“

Иако инвеститор не е пронајден, деновиве неколку локални институции предводени од министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, организираа чистење на стазата од зараснатите треви и дрвја.
Очекуваме да се најдат инвеститори кои се заинтересирани да помогнат и за Битола и да го развијат скијањето повторно на Пелистер. Тука не станува збор за голема инвестиција. Останува само да се најде инвеститор за сајлата

„Очекуваме да се најдат инвеститори кои се заинтересирани да помогнат и за Битола и да го развијат скијањето повторно на Пелистер. Тука не станува збор за голема инвестиција. Останува само да се најде инвеститор за сајлата,“

изјави министерот.

Но, што ќе се прави со ратрак зашто планинарското друштво не располага со ваква скапа опрема за нагазување на снегот.

„Ратракот кој е од „Стрежево„ останува да се поправи еден мал дел, еден запченик, да можеме да го искористиме ако е можно за да се рамни оваа ски патека,“

вели Ивановски.

Од локалната опозиција велат дека државата не е заинтересирана да помогне за обнова на ски патеката. Обвинуваат дека две години барале од буџетот да се издвојат пари за реновирање на жичницата, но власта ги одбивала. Од планинарското друштво пак, посочуваат друг проблем за кого велат дека е поголем од дефектот на жичницата и ратракот. Тоа е глобалното затоплување, поради што снегот се помалку го има на Копанки, стаза на 1500 метри надморска височина. Во светот велат дека се вложува во ски центри над 2000 метри.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG