Достапни линкови

Прилепската касарна ќе се реактивира


Министерот за одбрана Коњаноски и војници на АРМ

Министерот за одбрана Коњаноски и војници на АРМ

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп се враќаат војниците. Сеуште не се знае кога точно ќе биде ставена во функција

Прилепската касарна „Мирче Ацев„ ќе стане повторно активна. Таа ќе биде единствена касарна во државата во која ќе се вратат припадниците на АРМ. Оваа е стратегиска одлука на Министерството за одбрана, но се уште не се знае колку војници ќе бидат сместени
2010 година ќе биде година кога ќе ги реновираме ние овие објекти на касарната и ќе се врати војската во Прилеп, што беше со големо задоволство прифатено од страна на локалната самоуправа, од градоначалникот, од пратениците во градот.
во касарната и кога точно оваа институција ќе биде ставена во функција.

„2010 година ќе биде година кога ќе ги реновираме ние овие објекти на касарната и ќе се врати војската во Прилеп, што беше со големо задоволство прифатено од страна на локалната самоуправа, од градоначалникот, од пратениците во градот. Но, и делот од објектите за кои сметаме дека нема да ни користат нам, ќе ги отстапиме на понатамошно користење во фунцкија на развој на Општина Прилеп.“

информира министерот за одбрана, Зоран Коњановски. За градоначалникот, Марјан Ристески реализацијата на оваа одлука е од огромно значење за економско заживување на градот.

„Враќањето на војската во касарната значи враќање на една голема фабрика да речам, бидејќи ќе станува збор за повеќе стотици војници кои се професионални, земаат редовно плата и тие ќе бидат потенцијални потрошувачи во нашиот град, во градот Прилеп,а и целата економија на касарната ќе биде поврзана со бизнис секторот и економијата на град Прилеп.“
Така ќе направиме една убава целина, ќе изградиме и станови каде што ќе бидат припадниците тука, можеби ќе има и објекти кои ќе бидат наменети за училишта, за градинки

Истакна градоначалникот Ристески.Доколку дел од објектите на касарната на површина од околу 25 хектари, не се стават во функција,тие ќе бидат отстапени на локалната самоуправа со цел поголем и побрз развој на Прилеп.

„Така ќе направиме една убава целина, ќе изградиме и станови каде што ќе бидат припадниците тука, можеби ќе има и објекти кои ќе бидат наменети за училишта, за градинки.“

изјави министерот Коњановски. Ова е уште еден обид на Министерството за одбрана и Локалната самоуправа за ревитализација на овој капацитет, за кој што неколку години се најавуваше дека ќе биде слободна економска зона, мека за стопанствениците.

Но, очигледно е дека сите идеи и планови пропаднаа, зашто стопанствениците на најдоа свој бизнис интерес во тој проект, а Министерството пред 2 години повторно објектот го зеде под свои ингеренции. Сега се најавува ново заживување на касарната, со изградба на цел станбен комплекс. За две недели ќе заврши анкетирањето на војниците во државата, па ќе се знае по колку станови ќе се градат, во кои од 8-те градови. Но, веќе е дефинирано дека ќе има седум активни касарни. Освен во Прилеп и во Штип, Куманово, Скопје, Велес, Кичево и Тетово.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG