Достапни линкови

Штрајк со глад во Куманово


Куманово

Куманово

Стечајните работници бараат Собранието на Република Македонија да донесе закон за нивно материјално обезбедување. Тие бараат владата да издвои по 6 илјади денари месечно за околу 15 илјади работници во Македонија.

Стечајците од Здружението УНИТ од Куманово,Старо Нагоричино и Липково започнаа штрајк со глад во просториите на поранешната зграда на Комитетот во Куманово, поради недонесувањето на Законот за материјален надоместок.
Ќе штрајкуваме додека не добиеме позитивен одговор од владеачката партија
Лилјана Георгиевска од УНИТ вели дека овој начин на остварување на правата на 15 илјади граѓани во државава е поради:

,,Законот влезе во собраниска процедура. Немаше замерка за Предлог Законот,но беше повикано на воздржано гласање од матичната Комисијата на Министерството за труд и социјални работи да не се дебатира што беше прифатено во Собранието”.

Барањето се однесува на:

,,Владата да издвои по 6 илјади денари месечно за околу 15 илјади работници во Македонија”

вели Георгиевска. А стечајците се одлучиле на оваа непопуларна мерка поради тоа што немаат друг избор за надминување на нивниот егзистенцијален и проблемот на нивните семејства.

,,Очекуваме реакции од владеачката партија. Тие се на власт и тие треба да дадат зелено светло за усвојување на овој Предлог Закон. Тој е прифатен од сите опозициони и позициони партии”.

вели еден од стечајците и додава:

,,Ќе штрајкуваме се додека добиеме позитивен одговор од владеачката партија. Ние пет години се бориме. Не измамија со Стојан Стојанов кој со неговата група ова право го обезбеди за само пет отсто од стечајните работници”.

Каква ќе биде судбината на оваа категорија граѓани неизвесно е, но тие ја имаат подршката и од кумановската Синдикална организација.
Слободан Радевски од Синдикатот вели:

,,Ќе им дадеме поддршка со то ашто им обезбедивме просторија,а ќе ги преземеме и останатите неопходни активности за остварување на нивните права”.

Во Куманово со колапсот на фирмите со статус на стечајци и технолошки вишок се здобија околу 18 илјади работници,кои останаа на улица. Од нив само дел го исполнуваат условот опфатен со Предлог законот за материјален надоместок.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG