Достапни линкови

logo-print

8 загинати во експлозија во училиште во Багдад


Во експлозија во училиште во Багдад најмалку осум луѓе, од кои 6 ученици, го загубија животот, а 40 мина биле повредени . Потпаролот на ирачките безбедносни сили соопшти дека причината за експлозијата не е бомба, како што беше соопштено претходно, туку станува збор за експлозија на муниција сокриена во подрумот на училиштето. Несреќата се случила во шиитска населба во градот Садра, североисточно од Багдад. Генералот Кашим Ата ги обвинил шиитските милитанти дека го сокриле оружјето во училиштето.
XS
SM
MD
LG