Достапни линкови

Неуспешни протести


Macedonia - Protest of the professional soldiers, Skopje, 2Nov2009

Macedonia - Protest of the professional soldiers, Skopje, 2Nov2009

По неколку дневни протести на рударите тие се согласија да продолжат со работа. Зошто македонските работници неуспешно штрајкуваат?

Дел од рударите деновиве штрајкуваа за поголеми плати но за неколку денови потпишаа изјави дека се согласуваат да продолжат со работа. Вината за неуспешноста сојузот на синдикатите вината меѓу другото ја гледа во тоа што штрјковите не ги води синдикат туку група вработени, а во Унијата на независини синдикати сметаат дека неуспехот е резултат на неорганизираност на самата синдикална
Синдикатот има право да повикува на штрајк, да поставува барање до работодавачот. Претставникот на синдикатот не може да добие отказ, значи има имунитет.
органзација. Експерите наведуваат дека една од причината што и многу други проротести не донеле одговор на барањата е во тоа што има простор за притисок врз работниците. Пеце Ристивески кој го претставува синдикатот на рударите нагалсува дека доколку штајкот го водат синдикалните ораганизации тогаш работниците имаат поголема можност да бидат заштитенени од санкции

„Синдикатот има право да повикува на штрајк, да поставува барање до работодавачот. Претставникот на синдикатот не може да добие отказ, значи има имунитет.“

Делумна причина поради што штрајковите се неуспешни е и во недоволното ангажирање на синдикатите односно во постоењето на маѓепсан механзам во односите на синдикатот и работниците вели Проф Здравко Савевски. Еданата страна во таа реалција е Синдикатот и истиот не може да направи притисок ако зад него не стојат работници.

„работниците не им даваат поддршка на синдикатите, затоа што синдикатите ништо не прават за нив. И затоа настануваат тие односи меѓу синдикатите и работниците, односи на недоверба.“

Раско Мишковски од Конфедерацијата на Синдкатите смета дека во загушувањто на протестите може да има влијание и политиката и оти тоа зависи од самата организација на штрајкот колку ќе им се одолее на таквите притисоци.

„Секогаш притисоци мислам дека може да има, или да прифатат или да не прифатат вработените.“

Но стравот од казни кај работниците не е без основа . Еден од проблемите со работничките права е тоа што законски истите се намливаат Со законот за арботни односи од 2005 година се вели дека штрајк не може работниците да органзизираат самостојно туку мора да имаат синдикати. Некои од лидерите на синдикалните оргнизаации досега баараа да се донесе посебен закон за штрајк како и закон за минимална плата . Експерите сметатат дека работниците мора да работат на духот на зедничко настапување и проценуваат дека ако актулените синдикати не се ангажираат доволно за нив тогаш може да фомираат синдикати и во рамките на работните организации.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG