Достапни линкови

Министерски состанок за проширување на ЕУ


Во Брисел денеска започнува дводневен состанок на европските министри за надворешни работи, кои ќе разговаарат за проширување на Европската унија и за последните извештаи на Европската Комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан и Турција. Европскиот совет во овие два дена, меѓудругото, ќе одлучува и дали ќе ја прифати препораката на Европската Комисија, Македонија да добие датум за преговори за полноправно членство во унијата. Повикувајќи се на дипломатски извори, дел од медиумите деновиве објавија дека ако Македонија не добие датум за преговори оваа недела, процесот ќе се одложи за најмалку три месеци. Според нив, во март се подготвува и посебен неформален состанок посветен на Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG