Достапни линкови

Почнува Самитот за климатски промени


Денеска во Копенхаген почнува најголемиот светски самит за климатски промени, кој ќе трае до 18 декември. Досега своето присуство го најавија претставници од 190 земји. Светските лидери се надеваат дека ќе се договорат како да ги намалат штетните гасови во воздухот. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун вели дека е оптимист и смета дека самитот ќе донесе договор. Светските лидери во наредните 12 дена треба да донесат нов договор што ќе го замени Кјото протоколот, кој истекува во 20012-та. Во изминатите неколку недели, Кина , Индија и Индонезија најавија намалување на емисијата на штетни гасови.
XS
SM
MD
LG