Достапни линкови

Вашингтон го поздрави законот за избори во Ирак


Белата куќа ги поздрави ирачките законодавци поради донесувањето на законот со кој се отвора патот за одржување парламентарни избори во наредната година. По долга сесија вчера ирачкиот парламент ја донесе изборната легислатива, а ирачкиот претседател Тарек Ал Хашеми го прифатил договорот. Минатиот месец, Хашеми стави вето на првиот предлог на изборниот закон, велејќи дека тој не обезбедува застапеност на бегалците. Со договорениот компромис, бројот на пратенички места ќе се зголеми за 50, односно од 275 на 325 пратеници. На етничките Сунити и на Курдите ќе им се дадат поголеми права и застапеност.
XS
SM
MD
LG