Достапни линкови

Во Техеран напнато пред најавените студентски протести


Состојбата во Техеран пред денешните најавени студентски протести станува напната, јавуваат агенциите. Ограничен е пристапот на интернет, а иранските власти ги предупредиле новинарите кои работат за странски медиуми да не ги напуштаат своите редакции во наредните три дена. Иранската опозиција ги повика симпатизерите да присуствуваат на протестот. Во француското здружение на новинари информираат дека досега се уапсени 28 новинари и блогери. Пред една недела повеќе од 100 студенти беа уапсени, јавуваат здруженијата за заштита на човековите права.
XS
SM
MD
LG