Достапни линкови

Франција бара построги санкции за Иран


Франција повика денеска на заеднички санкции против нуклеарната програма на Иран. Државниот секретар за европски прашања, Пјер Лелоше соопшти дека е дојдено времето да се побараат построги санкции за Иран. Во меѓувреме иранскиот лидер, Ајатолах Али Каменеи соопшти дека Соединетите Американски Држави и Британија нема да успеат во својата намера да го изолираат Иран. Каменеи повтори дека неговата земја ќе продолжи да настојува за нуклеарната технологија во мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG