Достапни линкови

Ректорот на атинскиот универзитет ранет во немирите


Ректорот на атинскиот универзитет, Христос Китас е полесно ранет во денешните немири по повод годишнината од смрта на 15 годишното момче, кое беше застрелано од страна на полицијата. Китас настрадал кога демонстрантите се обиделе да го окупираат ректоратот. Тие фрлале и молотови коктели и камења врз грчките безбедносни сили. Уапсени се околу 60 луѓе, а повредени се три лица, двајца учесници во протестот и еден полицаец.
XS
SM
MD
LG