Достапни линкови

4 полицајци убиени во Ирак


Полицијата на Ирак соопшти денеска дека две непознати личности убиле четири полицајци на еден контролен пункт, западно од Багдад. Нападот се случил рано наутро на подрачјето Абу Граиб. Полицијата соопшти дека напаѓачите најпрвин го застрелале едниот полицаец кој бил на должност, па потоа и другите тројца кои биле на пауза. Во тоа подрачје во ноември животот го загубија 13 жители од нападите на спротивставените племиња.
XS
SM
MD
LG