Достапни линкови

301 американски војник убиен во Авганистан


Силите на НАТО во Авганистан соопштија денеска дека во текот на оваа година во земјата се убиени 301 американски војник. Вчера еден војник од меѓународните сили на НАТО животот го загубил во експлозија на рачна бомба, која била поставена крај патот во источниот дел на Авганистан. Минатата година во земјата загинаа 295 странски војници, од кои 155 беа американци. Во моментов таму има 113 илјади војници.



XS
SM
MD
LG