Достапни линкови

logo-print

Синг бара помош од Русија за да се справи со Пакистан


Индискиот премиер Манмохан Синг е на посета на Русија, каде се очекува тој да побара од Москва да го искористи своето влијание за да го запре тероризмот во Индија, кој доаѓа од Пакистан. Синг им соопштил на руските новинари во петокот дека на Пакистан му треба убедување дека користењето на тероризмот како државна политика се коси со добрососедските односи со Индија. Неговите обвинувања доаѓаат по минатогодишниот терористички напад во Мумбаи, извршен од страна на пакистанските екстремисти и кој според Синг е подржан од пакистанската држава. Исламабад ги негираше тие тврдења.
XS
SM
MD
LG