Достапни линкови

logo-print

Војниците во Авганистан во офанзива


Американските, Британските и Авганистанските трупи навлегле подлабоко во јужниот дел на Авганистан на вториот ден од офанзивата против Талибанците. Во петокот над 1000 војници започнале да се пробиваат низ јужната покраина, Хелманд се со цел да ја прекинат патната комуникација и линиите за набавка на Талибанците. Покраината Хелманд е и најголемиот произведувач на опиум во светот, а јужната граница со Пакистан е главниот пат на илегалната трговија со дрога. Досега нема извештај, дали има жртви меѓу војниците.


XS
SM
MD
LG