Достапни линкови

10 членови на ЈНА обвинети за воени злосторства во Хрватска


Десет поранешни високи претставници на Југословенската Народна Армија, меѓу кои и четири генерали се обвинети за воени злосторства извршени врз цивилното население во Дубровник за време на војната во 1991 и 1992 година, соопштува хрватското обвинителство. Во обвинителниот акт се наведува дека при бомбардирањето на Дубровник и неговата околина, убиени се 116 цивили, а стотина биле повредени. Хрватското обвинителство издало наредба за апсење на обвинетите. Четворицата обвинети генерали се Бранко Станковиќ, Павле Стругар, Милан Рузиновски и Јеврем Чокиќ.

XS
SM
MD
LG