Достапни линкови

"Клима експрес"за будење на свеста за климатските промени


Европските делегати денеска резервираа специјален воз, наречен “ Клима експрес” во Брисел, со кој ќе заминат на конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, во Копенхаген. На делегатите од Франција, Белгија и Луксембург, во Келн ќе им се приклучат и германските претставници. На конференцијата треба да биде постигне договор за намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот, одговорна за климатските промени. Клима експрес има цел да ја пренесе пораката на луѓето, дека еден патник кој го избира возот како превозно средство е одговорен за пет пати помала емисија на јаглерод диоксид во воздухот, отколку кога тој патува со автомобил.
XS
SM
MD
LG