Достапни линкови

Иранските власти со репресија против студентските протести


Иранските студенти, кои се подготвуваат за големи анти-владини протести во понеделник, се соочуваат со репресии на универзитетите, при што има и притворени. Властите исто така ја заоструваат и примената на мерките за начинот на облекување на жените и должината на косата на мажите, а под посебен надзор се студентите кои би можеле да предизвикуваат неволји. Иранските власти се надеваат дека ќе успеат демонстрациите да ги сведат на минимум, а полицијата предупреди дека остро ќе реагира доколку студентските протести се прошират низ улиците. 7-ми декември традиционално е ден кога се одбележува убиството на тројцата студенти за време на анти-американските протести во 1953-та година, но во последните години тие се претворија во про-реформски демонстрации.
XS
SM
MD
LG