Достапни линкови

Барозо бара фер претседателски избори во Украина


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска во Киев побара од Украина да одржи слободни и фер претседателски избори. Тоа, според Барозо, ќе го забрза патот на Украина кон европските структури. На 17 јануари ќе се одржат првите избори за шеф на државата, по таканаречената Портокалова револуција во 2004 година. Денеска во Киев се одржа еднодневен самит меѓу Европската унија и Украина.
XS
SM
MD
LG