Достапни линкови

logo-print

Рен: во наредните недели позитивни вести за спорот со името


Шефовите на дипломатиите на Европската унија на состанокот в понеделник ќе бидат претпазливи во врска со изгледите за влез на Македонија и на Турција во Унијата, јавува агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел и на изјавата на еврокомесарот за проширување Оли Рен, дадена на денешната прес конференција во Хелсинки. Рен, исто така, оценил дека Македонија направила добар напредок кон започнување на преговорите за членство. Според него, најверојатно во наредните недели би можело да има позитивни вести во врска со главната пречка на Македонија, спорот со Грција околу името на државата.
XS
SM
MD
LG