Достапни линкови

Груевски со бизнис делегација во Турција


Владина и бизнис-делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе отпатува во дводневна посета на Република Турција. Премиерот Груевски за време на посетата ќе има средба со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган со кој заедно ќе се обрати и на Турско-македонскиот бизнис форум на кој ќе присуствуваат стотина компании од Македонија. Економската соработка меѓу двете земји во последните години бележи раст. Во 2008 година трговската размена достигна 300 милиони долари со дефицит на македонска страна. Турција во Македонија досега има инвестирано 180 милиони долари. Турција е втора земја која во 1992 ја призна Македонија под уставно име.
XS
SM
MD
LG