Достапни линкови

Иванов информира амбасадори на ЕУ за преговорите со Грција


Претседателот Ѓорге Иванов, на негова иницијатива, денеска оствари средба со амбасадорите на Европската Унија, на Шведска и Шпанија Ерван Фуере, Ларс Фреден и Мариа Гарсија де Лара. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ги запознал дипломатите за содржината на преговарачкиот процес со Грција. Иванов изразил уверување дека без разлика на епилогот од процесот во Брисел, Македонија ќе остане посветена на евро-атлантските интеграции и исполнување на важните реформски зафати кои се дел од тој процес.
XS
SM
MD
LG