Достапни линкови

logo-print

Брамерц - Србија соработува со Хашкиот Трибунал


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц го констатираше пред Советот за безбедност на ОН постојаниот напредок во соработката со Србија и ги поддржа напорите на српските власти да ги уапсат преостанатите хашки бегалци.
Советот за безбедност на ОН го поздрави позитивниот извештај на Брамерц и се согласи дека за завршување на работата на судот потребно е да се уапсат преостанатите обвиненици. Претставникот на Шведска, која претседава со Европската унија, потсети дека целосната соработка со Хашкиот трибунал е основен елемент на стратегијата на проширување на ЕУ кон Западен Балкан
XS
SM
MD
LG